На 10 години имала ментални способности на 23-годишничка: Запознајте ја најинтелигентната жена на светот! (ВИДЕО)

Натпросечна интелигенција

Запишана е и во Гинисовата книга на рекорди

Мерилин вос Савант (73) е жената со највисок коефициент на интелигенција на светот.

Родена е како Мерилин Мах, но не го задржала долго татковото презиме. Многу рано почнала да верува дека синот треба да го преземе презимето на таткото, а ќерката на мајката.

Па така, Мерилин вос Савант, уште како дете покажала натпросечна интелигенција.

Како 10-годишно девојче го решила тестот Станфорд-Бинет, вклучувајќи го и сетот прашања што ги мерат когнитивните способности преку пет фактори. Другиот тест бил Мега-тест, дизајниран за да мери коефициент на интелигенција над 145.

Според Мега-тестот нејзиниот коефициент на интелигенција изнесувал 186, а според скалата на Станфорд-Бинет, изнесувал 228.

По 30 години влегла во Гинисовата книга на рекорди како личност со највисок коефициент на интелигенција во светот и цврсто го држела тоа место додека не била укината таа категорија во 1990.

Иако имала извонреден коефициент на интелигенција, нејзиното образование не се разликувало од она на другите деца.

Одела во локалното средно училиште и работела во продавницата на својот татко. Запишала студии на општествен факултет, а потоа се префрлила на психологија на Универзитетот Вашингтон. Меѓутоа, се откажала по две години.

На почетокот на 80-тите се преселила во Њујорк и почнала да гради кариера на писателка. Пишувала и квизови за интелигенција за магазинот „Омни“ пред да добие работа во „Парада“.

Била колумнистка и авторка на неколку книги. Во 1987 година се омажила за научникот, истражувач и претприемач, Роберт Јарвик. Нејзиниот сопруг е познат по улогата во развојот на вештачкото срце Јарвик-7.

Подоцна станала шефица на финансии во Jarvik Heart Inc. Во тоа време, тие важеле за најпаметниот пар во Њујорк.

Низ годините се воделе расправии за автентичноста на тестовите што го измериле нивото на нејзината интелигенција, со оглед на тоа што моменталните верзии не овозможуваат резултати повисоки од 170.

И таа тврдела дека тоа е малку нејасно подрачје, со оглед на тоа што не е веќе толку лесно да се мери интелигенцијата.

Постојат илјадници фактори што можат да влијаат врз менталните способности и интелигенција. Исто така, не се сите тестови доволно опремени за да можат да се соочат со сето тоа.

Мерилин несомнено е една од, ако не и најпаметната личност на светот, но интересно е тоа што не излегла од својата анонимност и останала една сосема обична жена.

Погледнете го и нејзиното гостување во шоуто на Летерман, па заклучете самите дали таа навистина е најпаметната жена на светот.

Поради нив коефициентот на интелигенција рапидно се намалува: Дали и вие ги имате овие навики?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.