Целиот живот може да ви се смени за 6 секунди: Добро прочитајте и ќе сфатите!

Мудрост што треба да ја запомниме

Немојте да повторувате „немам време“ како папагали!

Сите често повторуваме дека немаме време за многу работи, дури ни за ситници… Не сме ни најмалку свесни колку работи може да се променат за само 6 секунди.

  • За 6 секунди можете да бакнете или прегрнете некого и да го уверите колку го сакате.
  • За 6 секунди можете некому да му ја отворите и придржите вратата.
  • За 6 секунди можете длабоко да вдишете и да се смирите.
  • За 6 секунди можете да си кажете „не вреди за тоа“ и да се ослободите од некои грижи.
  • За 6 секунди можете да нацртате срце и да му го покажете некому.
  • За 6 секунди можете да кажете едно искрено „извини“.
  • За 6 секунди можете да ги затворите очите и да се опуштите.
  • За 6 секунди можете да исфрлите некоја лоша слика од главата.
  • За 6 секунди можете да фрлите во корпа некој предмет што ве потсетува на нешто лошо.
  • За 6 секунди можете да сфатите колку уживате во нежниот и топол допир на сонцето.
  • За 6 секунди можете да одлучите да не се враќате повеќе во минатото.
  • За 6 секунди можете да си шепнете себеси или на некој друг „сѐ ќе биде во ред“.

Немојте да повторувате „немам време“ како папагали. Има сосема доволно време за да го претворите лошиот ден во добар. За да сфатите што е важно, а што не е. Има сосема доволно време за да промените сѐ.

За само 6 секунди можете да им се вратите на убавите, вистински вредности: љубезноста, сочувството, единството, надежта, мирот, љубовта. Имате ли 6 секунди и како ќе ги искористите?

40 најдобри работи во животот што не може да се купат со пари: Ако ги немате нив, бадијала ви е сето богатство на светот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.