Мерил Стрип одржа лекција: „Доста ми е од цинизам, критицизам и секакви барања – изгубив волја за угодување!“

Актерката пресече

Познатата филмска дива и повеќекратна оскаровка ги открила своите ставови за луѓето и за животот – се согласувате со неа?

Познатата актерка Мерил Стрип неодамна изјавила дека ѝ е доста од сѐ.

„Веќе едноставно немам трпение за некои работи во животот! Не затоа што станав арогантна, туку затоа што дојдов до точката кога не сакам повеќе да губам време на работи што ме прават незадоволна и тажна“, објаснила актерката.

Оскаровката се надоврзала на тоа дека, исто така, ѝ е доста од цинизам, од претеран и неоснован критицизам, низ кој поминувала во текот на целиот живот, како и од секакви барања и работи што постојано се очекуваат од неа.

„Изгубив волја да им угодувам на оние што не ме ценат, немам повеќе љубов за оние што не ме сакаат мене и не сакам повеќе љубезно да им се смешкам на оние што не ми се насмевнуваат мене. Исто така, нема веќе да трошам ни секунда од својот живот на оние што ме лажат и се обидуваат да ме манипулираат за да добијат нешто од мене. Не сакам веќе ни да бидам во близина на оние што се преправаат, кои се нечесни или површни. Веќе не толерирам ароганција и не ја прифаќам тривијалноста како норма.“

Мерил објаснила дека таа е од оние луѓе што мразат конфликти и дека светот во кој живееме е преполн со различности, но и нефлексибилности и едноумие, па тоа воедно е и причината зошто научила да одбегнува ригидни и нефлексибилни луѓе.

„Во пријателските односи, не толерирам недостиг на лојалност и предавство. И не се согласувам со оние кои не знаат или не се во состојба да дадат комплимент или охрабрувачки зборови, кога е потребно. А најмногу од сѐ, немам трпение за оној што не го заслужил моето трпение“, објаснила познатата актерка како со текот на времето морала да ги поправи своите ставови и начинот на однесување кон луѓето кои ја довеле до состојба на тага и разочарување.

Се согласувате со Мерил?

Мерил Стрип прозборе за тешкиот период низ кој поминала: „Се правев мртва за да престанат да ме тепаат“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.