Легендарна изјава на Ал Пачино: Кога некој ќе ве предаде, одговорете му вака!

Мудри зборови!

Оној што сериозно ќе ги сфати овие зборови, ќе живее поубаво

Често се цитираат легендарните изјави на Ал Пачино, а она што тој го кажал за извршеното предавство од страна на блиски луѓе, треба да се сфати сериозно:

„Предавството е составен дел од животот. Родители ги напуштаат своите деца, тие што се заколнале на вечна љубов, прекуноќ стануваат рамнодушни, мажот ја напушта жената, сите овие ситуации се дел од животниот пат“, рекол тој.

„Кога некој ќе ве повреди, важно е да запомните: Тоа не се случило затоа што вие сте виновни или затоа што сте направиле нешто погрешно. Кога врне дожд, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време.“

Кога ќе го сфатите ова, ќе станете имуни и ментално посилни. Почесто би требало да се водите според овој став. Луѓето минуваат премногу време барајќи ја вината кај себе, а тоа воопшто не помага.

Како да одговорите кога некој ќе ве предаде и повреди?

Не собирајте негативна енергија, не барајте објаснување и не ја продлабочувајте расправата. Решението е многу поедноставно, а еве како актерот го објаснува:

„Не трошам време на луѓето што ме повредиле. Не одам по нив и не размислувам претерано за тие ситуации. Немам време да ги мразам тие што ме мразат мене, презафатен сум со оние што ме сакаат.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.