Ледената тајна за смртта на рок-иконата: Сите сѐ уште се прашуваат – Зошто трагичната вест е објавена ПО ШЕСТ ДЕНА?!

Што ѝ претходело на смртта на Морисон?

Почина во када на 27-годишна возраст, неговото тело беше бизарно сокриено…

Фронтменот на култниот бенд The ​​Doors, Џим Морисон, замина во Париз за да пронајде инспирација, но тоа што го чекаше таму беше – најлошото.

: "Ne čitam i ne pišem mnogo. Ne radim ništa. Ali, vratiću se u sedlo".

Новинарката и писателка Софија Дебојк за британскиот портал The New European детално ги опиша и истражи последните месеци од неговиот живот.

Три дена по неговата смрт во станот на 17 Rue Beautreillis, телото на Џим Морисон остана таму. Завиткан во пластика и спакуван во сув мраз, тој бил чуван во кадата каде што бил пронајден мртов од неговата девојка Памела Курсон, потопен во сè уште топла вода, околу 6 часот наутро во саботата на 3 јули 1971 година.

Остана таму додека погребниците конечно не го испорачаа ковчегот што таа го нарача (најевтиниот достапен модел, вреден околу 30 фунти). Во тие 72 часа во еден момент во станот дошол лекар и била издадена потврда за смрт. Како официјална причина за смрт била наведена срцева слабост. Не била направена обдукција.

Телото конечно беше закопано идната среда, во необележаниот гроб на гробиштата во Париз Пер Лашез во таканареченото поетско катче во близина на гробот на драматургот Молиер. На погребот беа присутни само неколку ожалостени.

Само еден ден по погребот беше објавена веста за смртта на Морисон, што предизвика многу прашања во јавноста. Имаше ли полициска истрага? Зошто немаше обдукција? Кој бил докторот што го прегледал? (Памела, според некои извештаи, не можела да се сети на името на докторот, а неговиот потпис на потврдата за смрт бил нечитлив) Зошто на родителите на Морисон не им било кажано? (Властите очигледно биле информирани дека тој нема потесно семејство, што го отвори патот за брзо погребување без премногу прашања.)

Повеќе од половина век од неговата смрт, тие прашања останаа неодговорени, поттикнувајќи низа теории на заговор, од оние кои сугерираат дека Џим бил цел на операција на ЦИА која имала наредба да го ликвидира херојот на контракултурата до други кои сугерираат дека е жртва на магичен ритуал или дека едноставно ја лажирал сопствената смрт. Вистина е дека реалноста за неговата тажна, осамена смрт во Париз може да се проследи во четирите месеци што ѝ претходеа.

Морисон пристигна во Париз на почетокот на март 1971 година, со огромна креативна празнина. Беше непрепознатлив – здебелен и со запустена, нестилизирана брада. Се бореше со алкохолизмот, кој ефективно ги уништи креативните напори на The Doors кон крајот на 1960-тите, а исто така имаше и шестмесечна затворска казна што му висеше над главата. Неговата жалба беше во тек по исцрпувачкото, 40-дневно судење во есента 1970 година, поради обвинувањата дека се соблекол гол на сцената за време на концертот во Мајами.

Додека судењето набрзо беше проследено со невообичаено успешни сесии за снимање на шестиот албум L.A. Woman, настапите во живо на Морисон беа ужасни. Неговиот настап во Њу Орлеанс во декември 1970 година, кој беше последната свирка на The Doors, го покажа Џим во лошо светло – беше пијан и изгубен. Неговата мотивација исчезна и покрај желбата да ја продолжи улогата на поет, што во едно интервју и самиот призна:

Не читам или пишувам многу. Не правам ништо. Но ќе се вратам во седлото.

Ако Морисон мислел дека Париз ќе му биде извор на инспирација, сериозно згрешил. Тој ѝ се придружи на својата долгогодишна партнерка Памела Курсон, зависничка од хероин, која живееше во истиот стан со Жан де Бретај, дилер на дрога за богатите. Така, Морисон набрзо навлезе во кругот на општеството што беше опседнато со наркотици.

Сите околности околу смртта на Морисон им дадоа на теоретичарите на заговори доволно муниција за разни шпекулации. Тој починал за време на викендот и веднаш почнале да кружат гласини во Париз дека Морисон починал.

Но, кога новинарите се јавиле во неговиот стан, им било кажано дека „одмора“ во болница. Без оглед на прецизните околности на неговата смрт, неговите последни недели покажаа дека Париз е далеку од спасение за Морисон.

Наместо тоа, како што беше за многу други, тој беше место на егзил и безлична социјална интеракција што нудела многу малку за закрепнување. Неговата смрт, ако навистина настанала под околности во кои тој е само уште еден зависник за неименуваните дилери, секако беше безлична и прашање на тоа дека се нашол на погрешно место во погрешно време. Последните редови од неговиот „Париски весник“ беа пророчки:

Не сакав да те убијам. Едноставно се најде таму.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.