Пејачката и манекенка Кристина Димитри очигледно има намера да ја освои и Србија. Таа вчера ја промовира најновата песна, која ја сними во соработка со српскиот рапер Гастоз.
Песната носи наслов „Македонки“, а за истата Димитри и нејзиниот тим снимија одличен видеоспот. Се разбира, главни актери во видеото се Кристина и Гастоз, кои во еден момент и сочно се бакнуваат.
Автор на песната е Дарко Димитров, а пак тесктот го напишаа Кристина, Дарко и Солаја.
Погледнете го спотот: