На 16 години заврши во затвор, а оттаму ја спаси руски милионер: Сега разголена шета низ Париз и е модна икона

Не избегнува од секси-изданија

Елена Перминова плива во неопеан луксуз и има бајковит брак

Неделата на висока мода во Париз собра многубројни љубители на модата, но и модели, дизајнери и инфлуенсери, а меѓу гостите беше и Елена Перминова. Убавата русокоса е позната по турбулентната, филмска животна приказна, но и по фантастичниот моден стил.

Оваа манекенка ги посети ревиите на брендот Скиапарели и дизајнерот Џамбатиста Вали, а на двете го сврте вниманието кон себе со своето секси, предизвикувачко издание.

Атрактивна Русинка пристигна на ревијата на Скиапарели во многу провокативен црн фустан на кој практично му недостасува целиот горен дел – во пределот на половината има тенки ленти кои се повеќе естетски, а не функционален детаљ, додека градите ѝ се покриени со триаголници слични на горниот дел од бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)

Оваа смела креација Елена ја носеше со одлична, пократка, предимензионирана кожена јакна, црни салонки, кожена чанта и скап сребрен накит. Покажа и фантастична, вита линија, која успеа да ја одржи и покрај тоа што зад себе има четири породувања!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova)

Перминова ја посети и ревијата на италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали, а за таа пригода избра уште едно „дрско“, но доста модерно издание.

Се „пикна“ во кратко здолниште со шарени светки кое ги истакна нејзините долги, извајани нозе, а го искомбинира со долга, квалитетна црна јакна со само мал градник одоздола. Манекенката не претера со деталите, па сè заокружи со црни сандали со ремчиња, црна чанта и сребрени, дебели алки.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.