Како да се справите со конфликт ако сте преосетливи

Корисни совети

Никој не сака конфликти. За жал, колку и да не ги сакаме конфликтите, тие се дел од нашето секојдневие.

Според неодамна објавената студија, 20 проценти од населението се смета за високо чувствително – тоа е биолошки прилагодено за да биде далеку почувствително и под влијание на околниот свет. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се справите со тоа.

Не одложувајте

Сите знаете за ситуација кога не сакате да направите нешто, па затоа го одложувате до последниот момент, кога ви е уште потешко? Па, избегнување на потребниот конфликт е исто. Ако, на пример, вашиот цимер постојано остава валкани садови во мијалникот и тоа ве полудува, не чекајте насобраното да го допре таванот пред да реагирате. Колку подолго одложувате, толку потешко ќе падне врз вас.

Ако можете да се подготвите, подгответе се

Ова не е применливо за ненадејни, неочекувани конфликти, туку за оние ситуации во кои знаете дека треба да имате непријатен разговор.

Визуелизирајте го однапред

На пример, ако се чувствувате премногу нервозни кога сакате да му кажете на вашиот шеф дека сте презаситени од задачите што ви ги дава, замислете како тропате на вратата, како објаснувате специфични причини и смислите мирно, позитивно решение.

Позитивната визуелизација е ефективна скоро исто како и активноста за која станува збор, а тоа исто така важи и за социјалните интеракции. Во еден момент, многу е лесно да се реагира спонтано. Меѓутоа, ако можете да мапирате што сакате да кажете и да добиете, веројатно ќе успеете.

Опуштете се

Тешките разговори можат да ви одземат многу енергија, но тие се навистина ужасни за луѓето со висока чувствителност. После конфликтна ситуација, посветете се на себе. Дајте си малку повеќе внимание – купете го омиленото кафе, дремнете, одете на маникир или медитирајте – што и да ви одговара.

Прочитајте и: Ако сакате успех и мир, мора да бидете најважната личност во вашиот живот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.