Овие женски адути привлекуваат како магнет: Ако ги поседувате овие 4 особини, ниту еден маж нема да може да ви одолее!

Адути што освојуваат

Различни мажи ги привлекуваат различни работи, но истражувањата покажуваат дека следниве 4 особини се неодоливи за најголемиот број мажи

Боја на глас

Мажите се чувствителни на бојата на гласот кај жените, а особено неодоливи им се оние нежни, заводливи гласови со каков што можела да се пофали и Мерилин Монро.

Насмевка

Ова веројатно не ве изненади премногу, бидејќи никој не сака да има намќор во друштвото. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека насмевката влијае позитивно врз партнерот, односно на делот од неговиот мозок кој е поврзан со наградувањата и пофалбите. Исто така, докажано е дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Секако, тоа не подразбира и смеење на сила.

Облини

Секако, ова не важи за сите мажи, но повеќето сепак ќе се согласат дека повеќе сакаат жени со облини, а не слабички. Затоа, не бидете премногу драматични поради оние два килограми што сте ги качиле и од кои никако не можете да се ослободите.

Црвена облека

Научно докажано е дека мажите покажуваат поголем сексуален интерес за жена во црвен фустан одошто во фустан во која било друга боја. Покрај тоа, јасно е дека во црвена боја едноставно невозможно е да се остане незабележан.

Три работи поради кои мажите можат да изгубат глава по вас: Овие женски особини засекогаш ќе го заробат неговото срце!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.