Јелена Ѓоковиќ: „Жените се неплодни поради проблеми со забите“ (ВИДЕО)
Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ зборува на оваа тема на социјалните мрежи…
Жените се неплодни поради проблеми со забите, тврди Јелена Ѓоковиќ, сопруга на тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Иако не е ни лекар, ни стоматолог, Јелена Ѓоковиќ продолжи да дели здравствени совети во вклучувањето „во живо“ на Инстаграм.
Имено, директорката на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во оваа пригода зборуваше за поврзаноста меѓу неплодноста и оргалната хигиена.
Инаку, таа се повика на книгата на Надин Артемис за холистичката грижа за здравјето на забите.
Здравјето од устата, исто така, влијае на женската плодност и денес жените имаат голем проблем да забременат. Врз тоа доста влијаат проблемите со забите, кариесот, наталожени наслојки и болести на непцата“, вели Јелена.
Таа подоцна подели совет за нега на устата.
Секогаш користете солена вода и сода бикарбона да ја измиете устата. Почнете да ги чистите јазикот и непцата со посебни четкички. Наутро и навечер се користи конец за заби. Воведете и есенцијални масла во рутината бидејќи се антибактериски, антифунгални, антивирални и антиинфламаторни. Гаргарата е одлична против воспаление на непцата. Нежно четкајте ги забите, секогаш со меки четкички, бидејќи кога ги миете грубо, предизвикуваме повлекување на непцата. Движењата треба да бидат од горе-долу“, советува Јелена Ѓоковиќ.
Видео: Инстаграм