Тетоважа наместо бурма: Џиџи Хадид тајно се венчала?! (ФОТО)

Странските медиуми ја пренесуваат веста дека Џиџи Хадид и Зајн Малик се венчале во тајност. А како доказ за тоа ја наведуваат новата тетоважа на тазе младоженецот.

Имено, станува збор за стихови од песна, кои често се читаат на венчавките наместо брачни завети, па многумина помислија дека се посветени на неговиот брак со манекенката.

Заедно се раѓате и заедно ќе останете засекогаш. Ќе бидете заедно и кога  белите крилја на смртта ќе ги распнат вашите дни, ќе бидете заедно дури и во Божјото сеќавање. Но нека има простор во вашата заедница и нека ветровите на рајот танцуваат меѓу вас. Сакајте се, но не правете врска од љубовта, туку море меѓу бреговите на вашите души. Дополнете си ги шолјите еден на друг, но не пијте од една шолја. Дајте си леб еден на друг, но не јадете од истиот леб. Пејте и танцувајте заедно и бидете радосни. Дозволете си еден на друг малку самотија.

Погледнете!

 

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.