Има 64 години и повеќе додворувачи од нејзината внука: Почнала да тренира пред само 16 години, а телото ѝ е совршено!

Сликите кажуваат сé

Речиси 100 илјади следбеници будно ги следат нејзините фантастични совети

Никогаш, ама никогаш не е доцна да се изборите за својата среќа и да си го подобрите квалитетот на животот и здравјето! Тоа го демонстрирала мајката и баба Лесли Максвел од Мелбурн.

Имено, оваа фит-баба има 64 години и тело со неверојатен изглед! А за да биде уште поинтересно, активно почнала да се занимава со спорт дури на прагот од шестата деценија!

Лесли открила дека тренира пет пати неделно, а редовно почнала да тренира пред 16 години. Има повеќе од 30 локални и национални титули од натпревари во бикини, а првата ја освоила на 50 години!

„Фитнесот и здравјето се моето сé и сакам да ги инспирирам другите да водат здрав живот и да го одржуваат телото силно и вито, без оглед на годините“, рекла таа.


Оваа супержена советува дека треба да јадете храна богата со хранливи нутриенти, а да ја одбегнувате брзата и рафинирана храна.

„Мој совет е да јадете повеќе месо, а не колачи. Исто така, намалете ги газираните безалкохолни и алкохолни пијалаци, бидејќи тоа се празни калории и обично се складираат како телесни масти“, советува Лесли.

Еден од нејзините омилени ритуали е шетањето по вечерата, што им го препорачува на сите! Особено нагласува дека секој треба да одвои барем 15 минути дневно за некаква физичка активност.

„Обидете се секојдневно да вежбате и ќе се изненадите од тоа дека само 15 минути активација дневно може да ви донесе резултати“, открила Лесли.


Оваа 64-годишна жена верува дека биолошката и хронолошката старост се две различни работи и дека можете да бидете стари или млади колку сакате, во зависност од тоа колку се грижите за вашето тело.

Обожава да тренира со својата внука, на која ѝ е сериозна конкуренција кога станува збор за мажите.

„Таа изгледа одлично за своите години и поради тоа добива големо внимание од мажите. Многу сум горда на неа“, рекла 20-годишната Тиа.


Ѝ приоѓаат едвај полнолетни момци!

„Сега ми приоѓаат помлади момци и не ми веруваат кога ќе им кажам дека Тиа ми е внука. Многумина мислат дека сум нејзина постара сестра. Ми се случувале ситуации да ми пријде дете од 18 години. Секако, би излажала кога би кажала дека тоа не ми годи и тоа е доказ дека годините не се пречка да изгледаме добро“, објаснила Лесли.

Ужива во животот повеќе од кога било претходно и на сите им служи како пример дека годините не се пречка за што било, само ако доволно го посакувате тоа!

Во продолжение погледнете го видеото во кое Лесли објаснува како да го намалите струкот…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.