Им беше сон на тинејџерките ширум светот, улогата во популарната серија му го донесе прекарот „златно момче“, а еве како изгледа денес (ФОТО)

Кога во 2007 година се појави серијата „Озборувачка“, создаде вистински бум меѓу тогашните тинејџери. А покрај приказната за бунтовните и „комплицирани“ средношколци, серијата донесе и примеси на атмосфера од светот на богатата њујоршка елита, од која сите сакаа да бидат дел.

Тогаш во Холивуд се појави нова гарнитура на млади актери, кои им го одземаа здивот на тинејџерките, а и денес овие веќе познати ѕвезди го добиваат истото внимание како и пред петнаесет години.

Така, секоја тогашна тинејџерка се сеќава на „златното момче“, Нејт Арчибалд, најдобриот пријател на Чак Бас, чиј лик го толкуваше Чејс Крафорд.

Популарното „златно момче“ е познато и по својот изглед, а дека годините не оставаат трага на неговиот изглед, покажа неодамна на Инстаграм кога објави фотографија од неговото вито и мускулесто тело.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chace Crawford (@chacecrawford)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.