Еве што значи ако ви се појави Света Петка на сон: Се јавува само од две причини!

Празник

Ни претстои голем празник, Света Петка, кој се празнува во среда, 27 октомври

Православните верници на 27 октомври, во среда, прославуваат Света Петка, а еве кои обичаи и ритуали се поврзани со овој празник.

Се смета дека Света Петка е женски празник, па на оваа светица ѝ се обраќаат жени од сите вери и нации.

Света Петка многумина ја сметаат за заштитничка, а се верува дека особено ги штити и им помага на жените, децата и на старите лица. Верниците ѝ се обраќаат со молитва, особено жените, за да им помогне за време на животните неволји.

Покрај храмовите посветени на Света Петка често има извори и се верува дека нивната вода е лековита и дека поттикнува исцелување.

Според народното верување, Света Петка на верниците често им се јавува на сон од две причини: за да им даде утеха и да им донесе добри вести или како еден вид предупредување дека прават некаква грешка.

Според стариот обичај, на празникот на оваа светителка ѝ се оддава почит со молитва, се пали темјан и се одбегнуваат тешки домашни обврски.

Денот на Света Петка не е само христијански празник, туку и крсна слава на многу православни верници кои сметаат дека оваа светителка е заштитничка на нивниот дом.

Света Петка е родена во градот Епиват кај Калитракија во Мала Азија кон крајот на 10 век. Потекнувала од богато и побожно семејство. Се замонашила по смртта на родителите во црквата Света Софија во Цариград, а потоа поминала години во пустина во постење, молитва и осаменички живот. Според преданието, на сон ѝ се јавил ангел и ја упатил на мисија да ја шири Христовата вера.

Ако ве снајде зло вас и вашето семејство: Најкратката молитва на светот што поместува планини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.