Дали видовте прво лав или зебра на сликата? Тест кој открива дали сте екстровертна или интровертна личност!

Запознајте се подобро

Тест на личноста кој открива дали сте екстровертни или интровертни! Погледнете ја сликата и без размислување одговорете што воочивте прво на неа – зебра или лав

Екстровертните и интровертните личности се два модела на однесување кои ги дефинирал Карл Густав Јунг, познат швајцарски психијатар. А со овој тест на личноста можете да откриете нешто повеќе за себе. Првото нешто што ќе го здогледате на сликата ќе ви даде нови сознанија за вашиот карактер.

Што е интровертна личност?

Интровертната личност е повлечена, тешко започнува разговор со други луѓе прва, најчесто е срамежлива и невпечатлива во друштвото. Овие луѓе сакаат да поминуваат време сами, а имаат и многу тесен круг на пријатели и познаници. Можат да бидат склони на фантазирање, соништа и илузии, често имаат сфаќања што се нереални за опкружувањето.

Што е екстровертна личност?

Екстровертната личност е отворена, лесно стапува во комуникација дури и со непознати луѓе, обожава друштво и заеднички активности. На овие личности им годи бучава, динамика, уживаат да бидат во центарот на вниманието, организираат собири и отворени се за нови познанства.

Како се прави тестот?

Погледнете ја сликата и без размислување одговорете кое животно го забележавте прво, потоа прочитајте го решението.

ЛАВ

Ако прво го воочивте лавот, вие сте интровертна личност, која обожава да поминува време сама и ужива максимално во таа самотија. Најверојатно сте личност која сака да поминува време со луѓе кои ѝ се исклучително блиски. Внимателно сте ги одбрале вашите пријатели, и тоа се луѓе кои со години се покрај вас и на кои можете да им верувате. Уживате да останува дома, да гледате филм, да читате книга и најчесто одбирате ваква форма на забава и опуштање наместо излегување навечер во гужва со гласна музика и многу луѓе.

ЗЕБРА

Ако прво ја забележавте зебрата, вие сте екстровертна личност која секогаш е отворена за нови луѓе и поинакви искуства. Уживате во друштво на луѓе и дружење, како и во големи собири, галами и излегувања. Најверојатно сте личност која ужива во забава и во запознавање нови луѓе. Исто така, имате потреба да бидете во центарот на вниманието, сакате да зборувате со луѓе коишто само што сте ги запознале. Вашето животно мото е секојдневно прифаќање на промените и апсолутно разбивање на монотонијата.

ТЕСТ НА ЛИЧНОСТА: Она што прво ќе го забележите на сликата открива што ве мачи и кочи во љубовта!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.