Зад оваа фотографија се крие морничава вистина: Ние гледаме среќа, но вистината е длабоко скриена и невидлива за повеќето луѓе

Тажно

Силвестер Сталоне ја доживеал најголемата животна загуба што никогаш не се заборава

Кога ќе го видиме Силвестер Сталоне гледаме среќен човек кого го опкружуваат презгодните ќерки што го обожаваат и 25 години помладата сопруга, која е секогаш тука за него. Но вистината е дека никогаш не знаеме што се случува во нечија глава и никогаш не треба да завидуваме.

Силвестер и Џенифер имаат три ќерки Софија, Сикстин и Скарлет. Трите убавици се многу поврзани со нивниот татко, кого често го придружуваат на црвениот килим, но дали сте знаеле дека Силвестер имал деца и од првиот брак?

Со првата сопруга Саша Чак, Силвестер добил син Сејџ, кој доживеал срцев удар и починал на место на 36 години. Силвестер тогаш кажал дека не постои посилна болка на овој свет. Таквата загуба не може да се заборави, надомести или ублажи.

Во официјалната изјава, популарниот Роки тогаш кажал:

„Ниту една болка не е посилна од таа кога родител ќе загуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот за мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубов со неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум и понизно ве молам да не ја нарушувате душата и сеќавањето за мојот син.“

Сталоне уште повеќе го болел фактот што години пред смртта на Сејџ бил во лоши односи со него. Имено, откако Сталоне и Саша се развеле, Сејџ не сакал да разговара со татко му, но подоцна се смириле и почнале да работат заедно на неколку проекти.

Саша и Сталоне имаат уште еден син Серџ, кој во уште во детството бил болен од аутизам. Актерот се има појавено со синот во јавност само еднаш, и тоа на насловната страница на магазинот „Пипл“ во 1982 година. Оттогаш, Серџ е во комплетна медиумска илегала.

Сепак, агонијата на Силвестер Сталоне продолжила кога му се родила и првата ќерка Софија. И кај неа била воочена малформација на срцевиот залисток, па морала да прави операција кога имала само 2 години. За среќа, сѐ завршило добро и сега таа е една среќна девојка, а мајка ѝ Џенифер често знае да каже дека Софија е најслична на Силвестер и дека ги има истите движења.

Силвестер е многу близок со своите деца, но целиот живот се бори со големата тага поради нивната болест и загубата на своето најстаро дете.

Силвестер Сталоне за смртта на синот: „Ниту една болка не може да се спореди со таа кога ќе изгубиш дете!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.