3 арапски мудрости: Никако не смеете да им го кажувате ова на другите луѓе!

Ова не ѝ го кажувајте ни на родената мајка

Не ги доведувај во искушение другите луѓе со своите тајни, велат Арапите и веруваме дека се 100 отсто во право

Еве кои се најпознатите арапски мудрости што вреди да ги знаете…

„Ако нешто те боли – молчи!“

Постои една стара приказна за старецот Езио. Старецот Езио останал сам на фармата откако син му отишол во војска. Езио напорно работел и самиот се грижел за целата фарма. Еден ден му пришол соседот и го прашал:

„Како си Езио?“

„Ме боли грбот…“, му се пожалил Езио на соседот.

Набрзо во целото соседство се прочуло дека старецот Езио го боли грбот и дека не може сам да се грижи за имотот и за животните.

Наскоро почнале да му пристигнуваат понуди од соседите да му го откупат имотот за малку пари. Кога им кажал дека тоа е премалку за таков имот, тие му кажале:

„Подобро некакви пари отколку никакви. Те боли грбот, стар си и немоќен, продај го имотот.“

Никој не се понудил да му помогне, сите само сакале да извлечат корист од него. Старецот продолжил да молчи и да работи, а кога син му се вратил од војска, старецот Езио му го предал имотот со зборовите: „Ако те здоболи нешто, молчи.“

„Не му го кажувај на пријателот она што не би му го кажал на непријателот“

Секој човек има свои светли и темни страни, никогаш не можете да бидете сосема сигурни кога ќе се разбуди мрачната страна на човекот и што е тоа што ќе ја разбуди. Подобро не му го кажувајте на пријателот она што не можете да му го кажете ни на непријателот. Ако му кажете нешто на вашиот пријател, а тој ја злоупотреби вашата тајна, ќе им бидете лути на двајца луѓе: себеси и на вашиот пријател.

„Никогаш не зборувајте лошо за себе“

Секој што се омаловажува себеси им дава дозвола на другите и тие да го омаловажуваат. Ако човекот се однесува достоинствено и другите ќе се однесуваат со почит кон таа личност.

Старецот Окам живеел 10 години во пустина. Секој ден напорно работел и се трудел да најде вода, а кога му успеало тоа, сите од селото дошле да му честитаат, додека тој велел: „Ништо не е тоа.“

Набрзо сите почнале да се однесуваат кон неговото пронаоѓање вода како да не е тоа ништо. Наместо да пијат вода, тие миеле нозе во тој извор. Набрзо водата станала загадена и нечиста бара.

Старецот многу се разочарал, но луѓето се однесувале кон неговиот труд токму онака како што тој самиот кажал – како да не е тоа ништо.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.