Адријана Лима во фустан што ги истакнува сите облини: Се потрудила да не остане незабележана во Кан!

Како ви се допаѓа?

Никој не изгледал попривлечно од Адријана Лима

Манекенката носела елегантен темен фустан што се припивал за нејзиното тело, со голема, предимензионирана жолта панделка одозгора. Покрај фустанот што ги истакнувал нејзините атрактивни облини, Адријана Лима направила уште едно нешто за да привлече внимание – на секој блиц од фотоапаратите, таа го бакнувала својот партнер Андре Лемерсом и тоа толку често, што тој во еден момент нежно ја поттурнал.

Манекенката веќе подолго време е на удар на критики поради тоа што никако не може да се врати во форма по третото породување, додека таа многу се труди и речиси секој ден вежба напорно.

Како ви се допаѓа изгледот на Адријана Лима на црвениот килим во Кан?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.