10 животни заповеди на Златан Ибрахимовиќ: Ако го совладате ова – никој нема да ви застане на патот!

Доза инспирација

Некои велат дека Златан Ибрахимовиќ е премногу егоцентричен, а фудбалерот веројатно ќе се согласи, бидејќи тој напорно работи на себе и знае дека е најдобар

Златан Ибрахимовиќ важи за човек кој самосвесно чекори низ животот, сигурен во тоа дека е најдобар.

Еве ги 10-те заповеди на Златан Ибрахимовиќ за успешен живот:

1. Насмејте се

„Насмејте се, бидејќи вашата насмевка ги прави другите среќни, додека и вие самите изгледате среќно. Но таа насмевка мора да биде вистинска насмевка.“

2. Уживајте во животот

„Уживајте во животот, бидејќи животот може да биде краток, може да биде долг, но вие потрудете се да уживате во него, бидејќи убаво е да се живее.“

3. Не бидете премногу сериозни

„Не бидете премногу сериозни, бидејќи ако секогаш сте сериозни, луѓето може да стекнат погрешно мислење за вас. Затоа, шегувајте се, смејте се, давајте им позитивна енергија на луѓето.“

4. Вежбајте

„Вежбај, вежбај, вежбај… Бидејќи без вежбање, не можете да станете тоа што сакате, што и да сакате. Затоа, вежбајте, исто како мене… Праксата го прави човекот совршен.“

5. Работете вредно

„Работете вредно, бидејќи кога вредно работите – сето тоа ќе ви се врати во животот. Што и да сакате да бидете, вредно работете на тоа. Бидејќи не би требало да биде лесно, јас не го сакам полесниот начин, го сакам потешкиот начин.“

6. Најдете си поглед што ќе го применувате на луѓето кога ќе сакате да ги заведете, но и исплашите

„Јас го имам тој свој поглед што го применувам, обидете се да го пронајдете и вие. Тогаш, кога тоа е потребно, со него ќе можете да исплашите кого сакате.“

7. Бидете брилијантни

„Бидете брилијантни. Сѐ што правите, правете го без грешка. Не задоволувајте се со просечноста, бидејќи можете да бидете одлични.“

8. Чувајте го своето семејство

„Чувајте го своето семејство, бидејќи што и да се случи, семејството ќе биде тука за вас. Затоа, грижете се за своето семејство, дајте им го тоа што им треба. Што и да кажат другите не е важно, но многу е важно она што ќе го каже вашето семејство.“

9. Имајте почит и стекнете почит

„Имајте почит и стекнете почит. Животот ме научи на ова. Кога го запознав Фабио Капело, ми кажа: ’Не бараш почитување. Добиваш почитување’. Затоа, погрижете се да го добиете.’

10. Бидете сигурни во себе

„Бидете самоуверени. Што и да правите, мора да верувате во себе и во тоа што го правите, инаку сѐ ќе ви биде многу тешко.“

Златан Ибрахимовиќ внимателно ја одбрал секоја тетоважа на своето тело: Кога ќе го дознаете нивното значење, ќе останете без текст!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.