Златан Ибрахимовиќ внимателно ја одбрал секоја тетоважа на своето тело: Кога ќе го дознаете нивното значење, ќе останете без текст!

Прочитајте!

Златан Ибрахимовиќ го покажал своето мускулесто тело покриено со тетоважи во Мајами, а ние ви ја откриваме приказната за нивното значење

Златан Ибрахимовиќ се појавил во Мајами на една од плажите и на сите им го покажал своето извајано тело полно со тетоважи.

Додека си играл со пријател дофрлајќи си топка, Златан бил облечен во костим за капење од „Валентино“, а својата долга коса ја собрал во интересни плетенчиња.

И додека Кристијано Роналдо одбива да го тетовира своето тело за да не го „уништи својот храм“, Златан нема проблем со мастилото, а доказ за тоа се многубројните тетоважи.

„Тетоважите се како дрога за мене“, признал Златан во својата автобиографска книга „Јас сум Златан“.

Но што значат сите тие тетоважи?

На десниот зглоб Златан го тетовирал она што го нарекува „шифра на Златан Ибрахимовиќ“. Тоа е низа броеви кои претставуваат датуми на раѓање: неговиот, на неговите браќа, на татко му и на синовите.

На десниот бицепс лежи името „Шефик“, името на неговиот татко. Инаку, на десната рака сите тетоважи им се посветени на мажите во неговото семејство, бидејќи Златан смета дека десната страна претставува сила.

На десната страна има тетовирано змеј, кој ја одразува неговата борбена личност, издржливост и стабилност.

На левиот зглоб има тетоважа на две карти. Едната е АС срце, што ја содржи буквата „Х“ и се верува дека оваа тетоважа ѝ е посветена на неговата жена Хелена Сегер. Покрај неа е картата АС детелинка, која верува дека му носи среќа.

На левата рака се и датумите на раѓање на мајка му Јурка и сестра му Санела. Левата страна на Златан им е посветена на жените од неговото семејство, а ја одбрал левата страна, бидејќи е поблиску до срцето. На левиот бицепс го има тетовирано името на мајка му Јурка и тоа на арапски јазик.

„Првата тетоважа што ја направив е онаа со моето име, испишано со бело мастило околу струкот. Таа може да се види само кога ќе потемнам, и тоа беше тест“, појаснил Златан.

Покрај оваа тетоважа, тој ги има испишано и зборовите: „Само Бог може да ми суди“. Оваа тетоважа е тука за да го потсети дека никој нема право да го осудува освен Бог.

На левото рамо има тетовирано сива кои риба (јапонски шаран), која расте во дивината, за разлика од портокаловите кои риби, и плива спротивно од течението на водата. Златан објаснил дека ја одбрал оваа риба, бидејќи секогаш оди против сите правила. Кои рибата инаку е симбол на надминувањето препреки.

Инаку, Златан со привремено мастило ги истетовирал имињата на 15 лица кои биле жртви на глад, за да ја покрене свеста за гладот во светот. За време на еден натпревар го соблекол дресот за да ги покаже тетоважите:

„Кога ја соблеков маицата, луѓето можеа да видат 15 нови тетоважи на моето тело. Тоа беа имиња на луѓе кои умреле од глад. Тие тетоважи сега се исчезнати, но имињата на тие луѓе сѐ уште се наоѓаат во моето срце. Се надевам дека можете да ги видите преку мене“, објаснил Златан во една пригода.

Катарскиот шеик држел сè под контрола, а потоа дошол Златан Ибрахимовиќ: Поради оваа сцена велат дека е прав Босанец!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.