Султански ќебап во кори за пита: Старо турско јадење што задолжително мора да го пробате!

Идеја за ручек

Старо турско јадење на кое никој не може да му одолее, а се прави од готови кори за пита

Состојки:
  • 800 г пилешко месо
  • 5-6 страка млад кромид
  • 1 пиперче
  • лутеница од тегла (или 2-3 свежи пиперки, 3 домата, 1 рендан морков)
  • сол, бибер, црвен пипер, сув зачин, масло
  • 500 г кори за пита

За бешамел-сосот:

  • 70 г путер
  • 2 лажици брашно
  • 500 мл млеко
  • сол
  • бибер
  • 250 г рендан кашкавал
Приготвување:

Продинстајте ги на масло кромидот, лутото пиперче, лутеницата, ситно сечканото пилешко месо и зачините. Помала чинија искористете како калап, па во неа ставете неколку кори за пита, наполнете ги со фил, па покријте ги формирајќи мали топчиња.

Ставете ги топчињата во плех и повторувајте ја постапката додека ги потрошите состојките. Пригответе бешамел-сос, па прелејте го преку полнетите ќебапи. Печете на 200 степени Целзиусови околу 15 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 10 минути.

Потпечен компир со јајца, сланина и сирење: Искористете ја храната од Велигден и пригответе сосема ново јадење
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.