Контроверзната кошаркарка ќе работи на сајт за возрасни: „Ќе се соблечам онолку колку што ќе платат“ (ФОТО)

Храбра!

Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ (40) неретко се наоѓа на осуда од јавноста поради провокативните фотографии кои ги објавува на Инстаграм, а сега таа направила чекор подалеку и отворила профил на сајт за возрасни луѓе.

Како што изјавила, отворила профил на „Only Fans“, откако ја убедила една нејзина другарка…

„Профилот на „Only Fans“ го отворив поради облог со другарка, но и поради тоа што многумина ми пишуваат на Инстаграм дека сакаат да ме видат на тој сајт. Другарка ми и јас се обложивме дека за 48 часа можам да соберам 1.000 следбеници. И реков дека тоа е невозможно, а таа беше сигурна. Кажа, ајде да видиме, ако не успееш затвори го профилот. Ја послушав, си реков уште еден скандал повеќе или помалку, не ми е тешко“ – рекла кошаркарата, која ако ја оствари целта за два дена ќе заработи дури 15.000 долари.

„Сакам да се фотографирам и горда сум на своето тело. Целиот живот тренирав, телото е мој долгогодишен проект. Ми се допаѓа како изгледам на 40 години, зошто да не го покажам тоа на другите. Нема да ги лажам луѓето и да позирам облечена од глава до пети. Немам проблем да се сликам во долна облека, бидејќи за мене е убаво женско тело е уметност. Ќе ги покажувам деловите од телото во зависнот колку ќе платат луѓето за тоа. Колку пари, толку музика“ – рекла Дабовиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.