Најзгодната жена на планетата СЕ РАЗВЕДЕ И ОТКРИ ШТО ПРАВЕЛ СОПРУГОТ: „Тој е џукела“

Одмаздата е најслатка кога се сервира ладна…

Емили Ратајковски водеше бурен медиумски живот пред бракот, за време на бракот, по раѓањето на детето и продолжува со истото темпо и по разводот. Манекенката и актерка, која постојано ја интригира јавноста со изјавите и објавите на Инстаграм, по разделбата со сопругот Себастијан Бур МекКлард повторно се најде на насловните страници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Емили Ратајковски на почетокот на октомври изјави дека нејзиниот развод со холивудскиот продуцент бил тежок бидејќи дознала дека тој ја изневерил.

Во моментов, ја чувствувам секоја емоција што постои на овој свет. Гнев, тага, среќа, возбуда, радост… Секој ден е различен. Добрата работа е што сè уште можам да чувствувам различни работи, што е знак дека ќе бидам добро. Ќе бев многу загрижена да бев целосно вкочанета по сето ова низ кое поминав, изјави Ратајковски за Harper’s Bazaar.

По разводот со Себастијан, се појавија гласини дека Емили се гледа со диџејот Орацио Рисп и со Бред Пит, но таа ги демантира приказните и рече дека ѝ треба време да закрепне од бракот кој ѝ бил емотивно болен и дека нема време за авантури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Емили и Себастијан поднесоа документи за развод во септември, кога инсајдер изјави за Page Six дека причината е прељуба.

Тој е сериски измамник. Одвратна џукела, рекол изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.