Јована, Александар и Валентин: Колеги пред камерите, a зад нив… (ФОТО)

Фотка вредна 1.000 зборови

Не е реткост колегите поради часовите што ги поминуваат заедно на работното место да се зближат и да станат добри пријатели и во приватниот живот, но кога станува збор за водителите, актерите, манекенките, пејачите и, генерално, ТВ-лицата, сепак дружбите и не се толку… искрени.

Велат, виновни се суетата, натпреварот што владее меѓу нив, антагонизмот, но примерот со водителите на ТВ Сител го докажува спротивното.

Имено, вчеравечер, во „Скопје евент центар“ се одржа свечена манифестација на доделување престижни признанија на култни јавни личности од државата и од соседството од страна на естрадниот магазин „Бекстејџ“, кој на овој начин го прослави 15-от роденден, а меѓу многубројните јавни личности кои присуствуваа на овој свечен настан, беа и водителите Александар Блажевски, Валентин Николовски и Јована Стојменовиќ.

Валентин се појави во улога на доделувач на наградата за трајни вредности во водителството на колешката Лила Филиповска, а популарните водители на утринската програма дојдоа да се забавуваат и да прослават со „Бекстејџ“.

А дека навистина убаво си поминуваат и уживаат во дружбата сведочи фотографијата што следи… Бадијала не се вели „една фотка, илјада зборови“!

Валентин, Александар и Јована негуваат искрено пријателство, кое трае повеќе години.

Текст: Б. С.

Фото: Маја Јаневска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.