Скандал каков не се памети на Санремо: Пејачот полуде, па ја демолира бината! (ВИДЕО)

Страшно!

Сенка над популарниот музички фестивал „Санремо“, кој воедно го избира и официјалниот претставник на Италија на „Евровизија“, фрли познатиот италијански пејач Рикардо Фабричони, познат како Бланко.

Имено, пејачот бил испратен од бината со гласни свирежи.

Еден од најпопуларните италијански изведувачи имал технички проблеми со мониторингот, па поради тоа почнал да ги шутира розите, поставени како декорација во служба на неговиот сценски настап.

Набрзо потоа, сцената била потполно уништена, прекриена со листови и трње, а свирежите биле се погласни и многубројни.

Звукот не беше добар. Жал ми е, не можев да слушам од слушалките, не можев да го слушнам мојот глас, но пак уживав – се правдаше тој.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.