Зигмунд Фројд погодил право во сржта: Од мајката зависи дали детето ќе биде слабак или човек полн со самодоверба

Интересно

Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, открил како мајчината љубов влијае врз животот на детето

Човекот се формира уште во детството, а љубовта на родителите, разбирањето и здравата комуникација со децата се пресудни за нивниот квалитетен развој. Од односот на родителите зависи и како детето ќе ги искажува своите емоции, животни ставови, вредности, како и неговиот поглед кон љубовта и работата.

Марија Монтесори, познатиот педагог, велела:

„Ако му бидете постојана поддршка на детето, тоа ќе биде самостојно и самоуверено. Ако често го охрабрувате детето, тоа ќе има голема самодоверба.“

Од друга страна, негативниот став и непријатните емоции кај децата можат неповолно да влијаат и врз возрасниот човек:

„Ако се поставуваме непријателски кон детето, тоа ќе ги повредува другите мислејќи дека така треба. Ако често го исмевате детето, тоа ќе стане срамежливо. Ако често го критикувате детето, тоа ќе научи да ги осудува другите.“

Децата впиваат од искуствата, од нашето однесување, му го даваат на светот она што им го даваме ним. Кога родителите на детето му даваат неизмерна љубов, поддршка, разбирање, тие, всушност, создаваат човек кој целиот живот ќе зрачи со таква енергија.

Зигмунд Фројд, познати австриски психијатар, чии методи и денес се применуваат во психоанализата, истакнал:

„Човекот кој ѝ бил главен миленик на својата мајка, целиот живот има чувство дека е освојувач. Самодовербата и вербата во успехот честопати го водат кон вистинскиот успех.“

Детето што пораснало опкружено со мир и љубов од страна на мајката, кое наоѓало засолниште во нејзината прегратка и утеха во нејзините зборови, може навистина да стане успешен и самоуверен човек кој има за што да биде благодарен.

Тврдење на Зигмунд Фројд: Мажот е среќен со секоја жена, сѐ додека не ја засака!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.