Погледнете каков „ѕвер“ вози Александра Пријовиќ: Опасната машина чини 150.000 евра! (ВИДЕО)

Заслужено!

Младата ѕвезда Александра Пријовиќ неодаман постигна успех каков многу нејзини колешки сонуваат, кога ја наполни трипати арената во Белград, а потоа закажа и четири концерти во Загреб.

Иако вредно работи, јасно е дека Александра знае како да ужива, па неодамна себе си се почастила со луксузен „ѕвер“ на четири тркала.

Во прашање е ново црно БМВ , чија цена на пазарот изнесува 150.000 евра, кој премиерно го покажала на роденденот на Ацо Пејовиќ.

Погледнете го:

Инаку, Александра поседува и бело БМВ кое во 2020 година го платила 130.000 евра.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.