Почина највозрасната проститутка во Британија: Шила „кариерата“ ја започнала по пензионирањето!

Ќе ја паметат по добро...

Највозрасната проститутка Шила Вогел – Купе, почина на 93-годишна возраст, пишува „Mirror“. Оваа жена стана позната во јавноста во 2011 година, кога нејзината внука Кeјти Вајсел се натпреваруваше на британскиот „X-φактор“.

Шила била доста отворена во врска со својата кариера и признала дека наплатувала околу 250 фунти по час за своите услуги кои ги започнала по своето пензионирање во 2010 година. Таа важела за „највозрасна проститутка“ во Обединетото Кралство и со оваа работа започнала да се занимава на 85 години.

Оваа семејна жена ја користела титулата „Гранд дама“, додека ги рекламирала своите експлицитни услуги кои ги давала се до почетокот на корона кризата во 2020 година.

Нејзиното семејство за медиумите потврдија дека таа починала на 25 ноември, а ќерката Џози ја опишала како „неверојатна“.

„Бевме горди на неа. Нејзината смрт заслужува помен, бидејќи беше едноставна“ – рекла таа за „The Sun“.

Инаку во 2014 година се испоставило дека таа неделно имала по 10 клиенти, што го раскажала во документарецот „Мојата баба ескорт и две други проститутки“.

Кога се појавиле вестите за нејзината кариера, се верува дека Кејти и нејзината мајка Дајан биле многу вознемирени.

„Работам како проститутка, затоа што тоа го сакам. Тоа ми дава задоволство и ме одржува млада. Би можела да продолжам со години. Зошто да престанам? Мислам дека сум префинета дама која пружа посебна услуга која мажите ја немаат на ниту едно друго место– рекла Шила и додала:

„Јас многу сакам секс.  Сакам да се дружам со машки, а ми доаѓаат доста млади момци. Се наоѓаме во хотел. За еден час секс плаќаат по 300 евра. Имам постојани клиенти, драги ми се, ми носат подароци“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.