Завршил во кревет со малолетна проститутка, па едвај одбегнал затвор: Францускиот фудбалер за малку ќе си ја уништел кариерата

Скандал!

Иако фудбалерот Карим Бензем не играше за репрезентацијата на Франција, сепак е еден од најдобрите играчи од оваа земја, а истовремено е и најскандалозен

Натпреварот меѓу Франција и Аргентина во финалето на Светското првенство нè потсети на најголемиот скандал поврзан со најдобриот играч на Франција Карим Бензем, кој оваа година не играше за репрезентацијата поради повреда.

Се шушка дека Карим има незгоден карактер и дека не е во најдобри односи со селекторот, па тоа била една од причините зошто не можевме да го видиме во Катар дури ни како навива за својата земја.

Сепак, поинтересен е скандалот во кој Карим Бензем бил вплеткан во 2010 година кога за влакно ќе завршел зад решетки, бидејќи спиел со малолетна девојка која се занимавала со проституција.

Скандалот дополнително ја шокирал јавноста кога се дознало дека со нив во кревет бил и Франко Риберие, а изгледа дека ниту еден од нив двајца не знаел колку години има Захија Дехар.

Захија добила 700 евра за вечерта со играчите, а потоа и покана на суд, каде што било утврдено дека фудбалерите не можеле да знаат колку години имала. Парискиот суд во јануари 2014 година ја отфрлил тужбата против француските фудбалери, кои биле обвинети за заведување малолетничка.

Инаку, во Франција сексуалните односи се дозволени од 15 години, но законот вели и дека проститутка не смее да биде помлада од 18 години. Па така, Бензем поради Дехар завршил со играње за репрезентацијата, непосредно пред Светското првенство во 2010 година.

Поради оваа ситуација, оваа малолетна проститутка се нашла на насловните страници на многу светски магазини, а нејзината кариера експлодирала! Разни финансиери ѝ нуделе колку пари сака за да изгради професионален пат по желба.

Поради нејзиниот ексцентричен став и константното појавување во медиумите, го добила францускиот прекар „скандалозна“.

Најновите вести се дека фудбалерот на Реал и францускиот репрезентативец Карим Бензен сега е во врска со порно-актерката која е позната под уметничкото име „Дајмонд Кити“.

Кубанската секс-бомба на социјалните мрежи објавила фотографија од Бензем под која напишала: „Ми недостасува мојата друга половина“.

Оваа вест брзо се раширила на Интернет, а Кити го избришала овој твит. Кубанката има повеќе од 240.000 следбеници на Твитер.

Скандалозна забава во Катар: Жените на фудбалерите ја преминаа секоја граница, пијани и голи скокаа во базен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.