Скандалозна забава во Катар: Жените на фудбалерите ја преминаа секоја граница, пијани и голи скокаа во базен!

Калабалак...

Фудбалерите на Велс завршија како последни во групата Б во Катар и со тоа го заокружија учеството на Мундијалот, а куферите ќе ги пакуваат нивните весели „нежни половини“.

Тие во текот на натпреварот, времето генерално го поминуваат со алкохол и капење во базен, како и правење забави, кои по реките алкохол – стануваат повеќе од скандалозни.

Сега на трезнење ќе одат директно во Велс, но пред да стигнат во татковината каде што се главна вест во медиумите, запознајте се со ликот и делото на овие дами кои на ова Светско првенство им беа поддршка на играчите на Велс.

Сестрата на Хари Вилсон, Ени Вилсон е снимена како паѓа додека пијана се обидува да направи ѕвезда, додека свршеницата на Крис Мефам, Џони Френсис е снимена како „на екс“ пие вотка директно од шише!

На забавата биле дури 19 убавици, меѓу нив се видени и девојката на Дени Ворд, Ребека Нејлор, свршеницата на Мет Смит, Емили, како и девојката на Мик Вилијамс, Никол Хаган.

Можеби фудбалерите од Велс не поминаа добро во Катар, но затоа дамите знаеја добро да се забавуваат и тоа за сите пари!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.