Оваа проститутка им ги уништила кариерите на славните фудбалери, па заработила милиони!

Им го уништила животот

Еве каде е денес Захија Дехар, проститутката што им ги уништила животите на фудбалерите Карим Бензем и Франк Рибери

Во 2010 година, во Франција одекнал скандал без преседан, кога било откриено дека Карим Бензем, фудбалерот од Реал Мадрид, и Франк Рибери, член на Баерн, биле вмешани во афера со малолетна проститутка по име Захија Дехар. Овој скандал можеби не би ни стигнал до јавноста ако Захија не одлучела да покрене тужба против нив.

Во Франција, старосната граница за согласност за сексуални односи е 15 години, но законот исто така пропишува дека проститутките не смеат да бидат помлади од 18 години. Захија добила 700 евра за вечерта помината со фудбалерите, што ја довело до судска покана. На судењето било утврдено дека фудбалерите не можеле да знаат колку години имала.

Меѓутоа, во јануари 2014. години, парискиот суд ја отфрлил тужбата против француските фудбалери Карим Бензем и Франк Рибери, за заведување малолетничка. Иако им се заканувала тригодишна затворска казна, судот заклучил дека играчите не можеле да знаат за нејзината вистинска возраст. Захија Дехар дополнително признала дека ги излажала фудбалерите, тврдејќи дека е полнолетна.

Поради неа, Бензем завршил со своето играње за репрезентацијата, непосредно пред Светското првенство 2010 година, но барем се спасил од затворска казна. Зафија профитирала од скандалот и изградила кариера во модниот свет.

Меѓутоа, тоа било само почетокот на нејзиниот напредок. Целата приказна ја вивнала во ѕвездите, па многу често завршувала на насловните страници на весниците, а финансиери од сите страни ѝ нуделе пари да изгради кариера каква што посакува. Поради нејзиниот став и честите интервјуа, во Франција го добила прекарот „скандалозна“.

Инаку, Захија Дехар е родена во Алжир на 25. февруари 1992 година, а кога имала десет години, со брат ѝ се преселила во Франција.

Захија од своето тело заработувала 20-тина илјади евра месечно, а семејството се откажало од неа откако се дознало за скандалот. Но таа подоцна тврдела дека не е проститутка.

„Немам сводник и сите пари се за мене. Услуги им давам само на оние на коишто сакам да им дадам и никој не може да ме натера да правам нешто што не сакам и кога не сакам“, рекла таа своевремено.

Неда преку ден е фризерка, а навечер е проститутка: Носи хиџаб и живее во срам, а причината поради која се продава е трогателна!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.