#Profemina2023: Што сакаат жените – одговори даваат мажите!

Регионална конференција за жени

Дали мажите ги интересира што сакаат жените? Дали мажите засекогаш остануваат посилниот пол или полека се менува прототипот на балканскиот маж? Дали доаѓа некоја нова верзија на посуптилен и поприспособлив маж, кој почесто ќе влегува на женскиот терен и ќе учествува во приказните за модата, убавината и здравиот начин на живот? Дали ќе ни се допадне новата верзија?

Отприлика ова се прашањата на кои учесниците во последниот, но и најинтригантниот панел на годинешната регионална конференција за жени „Профемина“ ќе дискутираат на 23 ноември (четврток) во хотелот „Холидеј ИН“ во 17 часот.

Модераторка е водителката Татјана Пуленџовска, а господата што ќе се обидат да го одгатнат вечното прашање: Што сакаат жените се:

Иван Наумовски, оперски пејач.

Димитар Атанасовски, ТВ и радио-водител, маркетинг-директор.

Петре Шилегов, адвокат и политичар.

Марко Новески, ТВ-водител.

Доколку сакате да дознаете, повелете на 23 ноември во Холидеј ИН и уживајте во дискусијата за која веруваме ќе ви се допадне!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.