Ја изневерил сопругата со проститутка под мост: Сега на стари години си ги срами децата и го следи репутација дека е најнекултурниот човек!

Хју Грант

Хју Грант доби имиџ на актер кој ги срами своите деца, а своевремено се нашол во центарот на голем скандал

Хју Грант го обележа годинешното доделување „оскари“ со своето некултурно однесување за време на интервјуто со манекенката и водителка Ешли Греам. И покрај тоа што важеше за голем заводник, сѐ почесто го следи репутација на некултурен човек.

За време на последното гостување во емисијата The View, признал дека „олабавил со годините“, но дека на неговите деца никако не им се допаѓа тоа. Зборувајќи за своите бројни улоги, признал и дека сега живее многу поопуштено.

„Сега навистина не можам да сопрам! Ако слушнам музика, танцувам. Дури и ако сум во кафетерија, ќе танцувам“, рекол Хју.

Меѓутоа открил и дека таквите ситуации воопшто не им се допаѓаат на неговите деца и открил дека во тие моменти го молат да престане.

„Те молам тато, срамота е“, се зборовите што му ги упатуваат децата.

Да се потсетиме, Хју Грант е татко на пет деца што ги има добиено од два брака, а имаше повеќе од 50 години кога го доби последното дете.

Актерот 13 години беше во навидум хармонична врска полна со љубов со презгодната актерка Елизабет Харли. Но се случи голем скандал.

Актерот беше фатен како бара љубов од проститутката Давине Браун. Сѐ заврши со апсење и написи во медиумите неколку месеци потоа. За да биде уште поинтересно: Хју успеал да остане во добри односи со Елизабет. Дури и му бил кум на нејзиниот син Дамијан.

Хју Грант ја отворил душата: „Помислата на брак и деца ме ужасуваше додека не ја запознав Ана“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.