„Водевме љубов 15 минути, би му дала оценка 7,5“: Босанка до детали ја опишала страсната ноќ што ја имала со Бекам

Скандалозно

Често се пишуваше дека Дејвид Бекам ја изневерува сопругата Викторија, а тоа што една Босанка го кажала во јавност за малку ќе им го уништело бракот

Легендарниот британски фудбалер Дејвид Бекам (47) и модната дизајнерка Викторија (48) оваа година ќе прослават 24 години брак.

Нивниот брачен живот беше проследен со скандали и љубовни афери, кои и двајцата честопати ги затскриваа, а на својата љубов секогаш одново ѝ даваа втора шанса.

Иако многу се поддржуваат меѓусебно и важат за посветени родители, нивниот брак пред 16 години за малку ќе се распаднел.

Имено, во далечната 2007 година, една проститутка со босанско потекло по име Ирма Ници ја обелоденила аферата со Бекам. Таа пред повеќе од десет години за магазинот In Touch раскажала како изгледал интимниот однос со Бекам.

„Водевме љубов 15 минути. На скала од еден до десет, како љубовник би му дала оцена 7,5“, рекла Ирма тогаш.

Меѓутоа, Бекам остро ги негирал нејзините тврдења и поднел тужба против споменатиот магазин, а на судот му доставил детална изјава на пет страници.

Според неговото образложение, тој веднаш по слетувањето во Њујорк закажал масажа во својата хотелска соба, како што вообичаено правел пред важен натпревар.

„Како по обичај, кога стигнав во хотелот пред натпревар, дојде масажер во мојата хотелска соба неколку часа откако се пријавив да ме измасира. Се сеќавам дека терапевтот не ја напушти мојата хотелска соба до раните утрински часови. Мојот тим за обезбедување беше со мене пред, за време и по масажата. Откако терапевтот си замина, легнав да спијам. Ги прегледав изјавите што ги подготви мојата служба за безбедност и тие ги потврдуваат моите сеќавања“, објаснил Бекам тогаш.

Според обвинувањата, тој на Ники и на уште една девојка им платил 6.000 долари за тројка, што исто така го демантирал.

„Не носам илјадници долари во кеш кога патувам. Единствениот начин на којшто сум можел да добијам 10.000 долари во кеш би бил да ги добијам од мојот менаџерски тим. Не барав од ниту еден член на мојот менаџерски тим да ми обезбеди илјадници долари во готовина кога бев во Њујорк во август 2007 година“, јасно се изјаснил поранешниот капитен на англиската репрезентација.

На сметка на овие клевети, Бекам барал оштета од In Touch во вредност од 25 милиони долари, но на крајот го изгубил судскиот спор. Магазинот подоцна објавил дека тврдењата биле лажни, но се бранеле со тоа дека Ирма има право на слобода на говор, според уставот на Америка.

„Ми призна дека Викторија ја гледа како сестра, а не како партнерка“: Љубовницата на Дејвид Бекам за малку ќе им го растурела бракот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.