„Ми призна дека Викторија ја гледа како сестра, а не како партнерка“: Љубовницата на Дејвид Бекам за малку ќе им го растурела бракот

Шоубизнис

Бракот на Викторија и Дејвид Бекам еден од најстабилните и најдолговечните парови кога се јавните личности во прашање.

Меѓутоа, не секогаш беше така идилично. Имено, овој брачен пар во 2004 година беше пред распаѓање, а за се беше виновна една трета личност.

Причината за нарушената брачна идила беше наводната афера на фудбалерот со неговата лична асистентка, Ребека Лос.

На Бекамови им требаа години за да ја тргнат дамката, особено после тоа што Ребека Лос одлучи јавно да зборува и да открие се, па дури и најдегутантните детали на нивниот однос.

Дејвид Бекам и Ребека Рос прв пат се фотографирани заедно на 18 септември во 2003 година во еден ноќен клуб во Мадрид. Ребека го магепса Дејвид со вниманието кое му беше потребно, а границата помеѓу приватниот и професионалниот однос со секој ден се повеќе се поместија.

После овој скандал Бекамови итно дадоа изјава за медиумите во кои негираа било какви проблеми во својот брак. Меѓутоа, после извесно време во јавноста испливало дека Бекам и Ребека истата вечер после забавата во ноќниот клуб заедно заминале во неговиот апартман во хотелот Санта Мауро, со што тогаш нивната афера беше на врвот.

Брачниот пар Бекам сепак го преброди скандалот, а Ребека своите пет минути ги искористи да испозира за насловната страна на Плејбој, а освен тоа учествувала во ријалити шоута „Фарма“, и “Celebrity Love Island”.

Ребека Лос меѓу останатото во јавноста изнесе дека со Дејвид Бекам го имала најдивиот секс и тоа на брачниот кревет на Бекамови, при што тогаш наводно и` признал дека го мрази телото на својата жена.

„Ми се гади од нејзините коски и опседнатоста со слабеењето“, и` рекол Бекам тогаш, со што неговиот фетиш бил да се облекува во работите на неговата жена.

„Ми призна дека Викторија ја гледа како сестра, другар, а не како партнерка. Тие немале односи многу одамна“, рекла Ребека за “People” своевремено.

Поради сето тоа што се случи, таа да остане без работа, а Дејвид остро се огради од целата приказна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.