Ги засени сите: Кејт Мидлтон се појави во маслинеста комбинација, а сите гледаа во еден детаљ (ФОТО)

Мода

Од глава до шети во зелено!

Се чини дека во приликата на последните јавни појавувања, Кејт Мидлтон често носи зелена боја. Таа одлично и` прилега, дали е во прашање јак зелен фустан кој ќе ги засени сите во Америка, или пак, нешто во пригушени тонови, како во текот на неодамна одржани за Божиќната церемонија.

За традиционалното семејно собирање во Садрингам, прво без кралицата, Кејт се појави облечена во маслинеста боја од глава до пети. Таа заблеска во долг капут со совршен крој, во кој изгледаше елегантно и витко. Овој пат се определи за нешто похрабра шминка која беше во целосен гламур. Лицето на принцезата сјаеше во бронзено-кафени тонови, и со долга пуштена коса.

Првата сензација беше одбирањето на шеширот за оваа прилика. Иако е позната по својата голема колекција, овој пат премиерно носеше голем маслинест шешир, кој фантастично и` стоеше, а украсот во вид на перо дополнително го засили впечатокот на драматичноста.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.