Перо Антиќ и Катарина Ивановска уживаат на одмор во Турција: Парот повеќе не крие дека се заедно! (ФОТО)

Заљубени гулапчиња!

Веќе не ја кријат врската поранешниот кошаркар Перо Антиќ и поранешната манекенка Катарина Ивановска.

Деновиве двајцата објавуваат фотографии од нивниот заеднички одмор во Турција и по се изгледа не се секираат многу што ќе кажат душогрижниците…

Познатиот пар поточно ужива во познатото турско летувалиште Бодрум, а по се изгледа Перо не штедел пари кога бирал каде ќе ја носи својата понежна половина, бидејќи според тоа што и двајцата го објавуваат, тие уживаат во скап хотел, јадат најразлични специјалитети и слично…

Инаку Перо и Катарина се подолго време заедно, но на почетокот тие ја криеја нивната врска, со оглед на тоа дека Катарина се уште беше во брак со нејзиниот поранешен сопруг Цобе, додека Перо се разведе пред неколку години од неговата сопруга Ружица.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.