Српската пејачка Сека Алексиќ си купи кокошки и петли за во својот дом!(ВИДЕО)

Браво!

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ се пофали дека во нејзиниот дом во Стара Пазова чува кокошки и петли.

Во дворот од куќата била поставена куќа за овие животни, а најмногу за нив се израдувале нејзините синови Јаков и Јован.

Сека кокошарникот го доби на подарок од сопругот Вељко, а гостувајќи во една емисија открила дека тоа е обичен кокошарник, но немале време да го склопат, па повикале луѓекои го направиле тоа.

„Мислам има десет кокошки и 2 петли. Но, размислував кога веќе земав десет кокошки, можеби 2 петли се малку“, изјавила пејачката.
Таа откри дека ги сака животните, посебно домашните, кои исто така ги сакаат и децата.

„Мислам дека децата треба да се воспитуваат и да се учат на се, па кога ќе пораснат нека одлучат што ќе прават и каде ќе одат“, кажа пејачката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.