Сека Алексиќ со сопругот Вељко Пиљикиќ и две и полгодишниот син Јаков замина на заслужен одмор во термални бањи во Словенија. Насмевките на лицата на среќното семејство доволно говорат како си поминуваат на 10-дневниот одмор, а пејачката не ги заборава ни своите следбеници и редовно објавува фотографии и видеоклипови од хотелот во кој престојува.