„Јас сум баба, но не сум должна да ги чувам внуците наместо родителите“: Решила да си го оствари сонот на 61 година!

Решила да патува низ светот

Една баба искрено кажала дека не сака да ги чува своите внуци, туку сака да ги помине своите пензионерски денови патувајќи низ светот

Иако бабите се сакани и обожавани, важно е да се знае дека не е нивна одговорност да ги воспитуваат своите внуци, како што тоа обично се очекува и во повеќето семејства се практикува.

Токму тоа го објаснила една жена од Бразил, која одлучила во пензијата да се посвети исклучиво на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)

61-годишната Џозефа Феитоси, кога отишла во пензија, решила да си го исполни сонот и да патува низ светот. Сепак, оваа одлука прво предизвикала поделени мислења во нејзиното семејство, бидејќи нејзините деца очекувале дека оваа баба ќе биде тука за да им помогне околу грижата за внуците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)

Пред да замине ги потсетила своите деца дека таа ја исполнила својата мисија да ги воспита и да ги изведе на прав пат.

Во некои случаи, ваквите очекувања може да предизвикаат конфликт, бидејќи додека некои баби се подготвени да ја преземат улогата на негувателки, други јасно даваат до знаење дека тоа не е нивна обврска, и покрај тоа што ги сакаат своите внуци.

Ова е приказна за баба која не сакала долго очекуваните пензионерски денови да ги помине дома. Откако со години работела во Бразилскиот правен систем, заминала во пензија и не сакала да ја преземете одговорноста да воспитува уште една генерација деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)

Со три деца и еден внук, повремено ѝ помагала на ќерка си околу синот, но одлучила дека време е комплетно да се посвети на себе. Го продала сиот свој имот, вклучувајќи ги и куќата, мебелот и облеката, за да го оствари својот сон.

Џозефа го започнала своето патување истражувајќи разни предели на Бразил, за подоцна да замине надвор од границите на својата земја и да патува низ светот. Најпрво, ќерка ѝ била изненадена и налутена поради нејзината одлука, сметајќи на поддршката и помошта од мајка ѝ, но со текот на времето сфатила дека нејзината мајка заслужува да го помине остатокот од нејзиниот живот така како што таа сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)

Џозефа во едно интервју изјавила дека е посветена и горда мајка, но смета дека бабите не се должни да ги чуваат своите внуци. Смета дека вратите од домот на бабите не треба секогаш да бидат отворени за нивните деца и внуци, бидејќи и тие заслужуваат приватност.

„Јас сум баба, но не сум должна да ги чувам внуците и да ги воспитувам наместо родителите“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)


Наместо да седи дома и да го поминува денот пред телевизор, Џозефа го истражува светот и доживува богати искуства што не може да ги пронајде во својот роден Бразил. На Инстаграм ги споделува сите свои авантури со желба да ги инспирира повозрасните луѓе, кои се плашат да патуваат.

Често носи само ранец, без никакви додатоци, а секое ново патување за неа е вистинско искуство што нема цена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josefa Feitosa (@joviajando)

Нагласува дека долги години работела и дека сета своја љубов ја насочила кон грижата за семејството, па сака да го надомести тоа што го пропуштила во младоста.

Најзгодната баба има скоро 100 години и тело на божица: Во вежбалница е ЗМЕЈ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.