3 техники за „разбивање“ на стравот од летање

Внимание - турбуленции!

Се наоѓате на 10.000 метри над Земјата и свесни сте дека, доколку нешто тргне на лошо, нема излез…

Стравот од летање е една од десетте најчести фобии. Иако ни е познато дека патувањето со авион е еден од најбезбедните начини на превоз, не е лошо да ги имаме предвид овие три техники за „разбивање на стравот“:

1 / ПРЕД ЛЕТОТ

Намалете го стресот со тоа што навреме ќе стигнете на аеродромот за да можете спокојно да го оставите багажот и да ги поминете сите проверки. За комплетна опуштеност: купете ги омилените грицки (здрави), кои ќе ве „утешат“ во авионот.

2 / ПОЛЕТУВАЊЕ И СЛЕТУВАЊЕ

Читајте книга додека полетувате или слетувате или слушајте музика за да ги ангажирате мислите и да ги блокирате евентуалните вознемирувачки звуци.

3 / ЗА ВРЕМЕ НА ТУРБУЛЕНЦИИ

Стравот е поголем доколку патувате сами. Почнете разговор со лицето што седи покрај вас, дури и да не го познавате.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.