„Ослабев 70 килограми, во теретаната велеа-готов е, од утре се откажува!“: Македонец со трансформација на деценијата!

Супер Бобо, инспирира и мотивира!

На мои 27 години се соочив со најтешкиот период во мојот живот, ги изгубив моите сестра и татко, останавме јас и мајка ми, и мојот проблем со вишок од 70 килограми. Морам да напоменам дека никогаш не се срамев што сум гојазен.

Одговорно тврдам дека гојазните луѓе се најдобрите на светот. Јас не сум сретнал човек со вишок на килограми а од него да извира злоба…ја почнува приказната за „Убавина и здравје“,  35 годишниот скопјанец Борче Ефтимовски, меѓу луѓето познат како Супер Бобо.

Мотив му биле здравјето и естетиката пред се. Патешествието го започнал со 158 килограми, и со голема желба да постигне нешто кое го оствариле малкумина. И стасал до посакуваните 80.

Но немал мускулна маса. Па си поставил нова цел, да го исчисти организамот од масти и токсини. И да ја направи најдобрата верзија од себе.

За таа цел станувал секое утро во 04:30 часот, прво тренинг па на работа во геронтолошкиот завод во Скопје, професија која го исполнува бидејќи има хумана нота а тој најмногу сака да помага на луѓето. Во текот на денот пиел и по 7 литри вода, користел природни согорувачи на масти, јадел овошје, зеленчук, житарки и многу протеини.

Смета дека во целиот процес многу му помогнал неговиот хороскопски знак, за себе ќе каже дека како типичен јарец кога нешто ќе почне го завршува до крај, ако не, воопшто не ни почнува да го прави.

На патот до конечната промена најмногу му помогнал фитнес тренерот Мартин Видоевски. Негов долгогодишен пријател и вистински професионалец во оваа сфера. Го бодрел кога му било најтешко, го советувал кога психички паѓал, и Бобо му е благодарен. Вели без него многу потешко ќе му одела оваа трансформација.

Советот на Супер Бобо до сите вас е дека мора да го обожувате процесот, за да стасате до посакуваната цел. Треба да сакате така да се храните, да вежбате, и да се радувате на секоја промена на вагата која нему му била дополнителна мотивација и знак дека е на правиот пат и мора да издржи до конечната замисла и цел.

По природа е авантурист, сака да патува, да открива нови предели, нации, култури…сака од невозможното да направи возможно, па не е ни чудно што ја постигнал оваа трансформација!

Денес е презадоволен од вложениот труд, од бројката на вагата, од одразот во огледалото, од позитивните коментари на околината, од енергијата која новата килажа му ја донесе. И е среќен ако успее да влијае само на една личност да и го промени животот со неговата ќе признаете мошне инспиративна животна приказна и промена за која и ние велиме-секоја чест!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.