Водителот Ване Маркоски покажа колку сака: ОВА е неговата најголема љубов! (ФОТО)

Тие се неразделни

15 години е дел од медиумскиот свет кај нас. Ване Марковски го гледате секој работен ден на МРТВ како водител на утринската емисија „Македонија наутро“.

Познат е по тоа што води здрав живот, спортува, секогаш е перфектно скоцкан без разлика дали се појавува јавно или е излезен во неговото маало да ги прошета своите 3 најголеми љубови.

А тие се: Буби, Смајли и Аја. Три преслатки кучиња, кои Маркоски ги вдоми за да им овозможи да почувствуваат љубов, топлина и грижа.

Сите заедно живеат во зграда во скопската населба Аеродром, па трите другарчиња едвај чекаат Ване да заврши со работните обврски во телевизија, и да се врати во нивниот дом. Секако задолжителна е првата прошетка во денот, која претставува уживање и релаксација за сите четворица.

Често знам за време на викендите да ги прошетам до некоја викенд куќичка, или во природа на отворено. Знаете, кучињата си сакаат пространство и чист воздух, па заедно со нив и јас се релаксирам и ги полнам батериите за престојната работна недела.

Неговиот живот е разубавен и многу позабавен откако се и Буби,Смајли и Аја во него. Па поради тоа, Ване не е сигурен дека тука ќе застане со вдомувањето на животни.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.