Станува збор за двата најсилни антиоксиданти меѓу зачините. Доколку ги немате пробано досега, ви препорачуваме да ги запознаете преку едноставни напивки.
Ова „кафе“ со куркума и ѓумбир е мошне зачинето, но ванилата и медот ја ублажуваат лутината.
Потребни состојки: 350 мл незасладено бадемово млеко со вкус на ванила, 1 лажиче куркума, ½ лажиче мелен ѓумбир, ¼ лажиче цимет, 1 лажиче мед.
Загрејте го бадемовото млеко до точка на вриење. Тргнете го од огнот, па додајте ги куркумата, ѓумбирот, циметот и медот. Добро промешајте да се соединат.
Текст: Н. Човиновска