Детокс-купка за закрепнување на телото и духот

Спа-оаза во вашата бања

Креирајте во вашиот дом вистинска спа-оаза! Подгответе топла и релаксирачка купка, која ќе ви го опушти телото и ќе ви ги „разбистри“ мислите. Еве како!

Топлина. Пред да ја пуштите водата за да ви ја наполни кадата, затворете ја вратата од бањата, а водата нека биде колку е можно потопла (37-38 степени Ц). Истражувањата покажаа дека потењето го помага регулирањето на микробиомот на кожата. А тоа ги спречува лошите бактерии да навлегуваат низ порите.

Вистински тајминг. Најдобро време за детокс-купка е пред да си легнете, затоа што за време на спиењето, телото се обновува. Купката помага во релаксирањето на мускулите, ја подобрува циркулацијата и ја подига телесната температура, што има позитивно влијание врз имунолошкиот систем. Плус, благодарение на топлата вода полесно ќе заспиете.

А сега, збогатете ја купката! Додајте во водата есенцијално масло (на пример, лаванда или камилица), за да го поттикнете процесот на детоксикација на лимфниот систем. Прво, подгответете го есенцијалното масло помешувајќи пет капки со 1 лажиче кокосово масло, а потоа растворете го во водата.

Уживајте во купката 20-тина минути, па напијте се напивка со електролити за да го рехидрирате организмот. Тоа може да биде, на пример, млака вода со цеден лимон и прстофат сол.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.