Топли бањи за мирни соништа

Правила на опуштање

Старите Грци биле познати по тоа што умееле да уживаат во секоја минута од својот живот. Како многу гостољубиви домаќини, на гостите секогаш им предлагале бањи што ги закрепнуваат душата и телото.

Уживањето во бањата не претставува само задоволство. Понекогаш тоа е токму она што го препорачува лекар против несоница. Патем, зима е, а кога е ладно, по напорниот работен ден сакаме само едно: да легнеме во релаксирачка бања и да заборавиме на сѐ…

Правила на опуштање

Температурата на водата во кадата не смее значително да ја надминува температурата на телото (од 36,5 до 40 степени). Во водата можете да додадете етерични масла од невен, алое, кокос.

За да не се загреете премногу, не потопувајте се цели. Некои делови од телото (на пример рацете и главата) нека останат да „дишат“ слободно.

Кога напнатото тело ќе влезе во топлата бања, водата ја подига неговата температура и ја намалува напрегнатоста во мускулите. Оваа процедура треба да се прави 10–15 минути пред спиење. Курата трае додека се нормализира сонот.

Инаку, научниците возењето велосипед го споредуваат со топла бања. Резултатот е следниот: и едното и другото еднакво добро го снижуваат нивото на шеќер во крвта.

Контраиндикации: кардиоваскуларни и инфективни болести, тумори, крвавење, болести на крвта, туберкулоза, цироза, миокарден инфаркт, хипертензија, дијабетес, проширени вени. Ваквиот вид релаксација не е препорачлив за жените во периодот на менструација.

Текст: Марина Нефедова, терапевтка

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.