4 домашни предмети што се совршен филтер за заштитна маска: Спречуваат пренесување на вирусот до 50%

Направете сами

Филтерите даваат дополнителен слој на заштита од вируси и ја прават вашата маска поефикасна

Повеќето луѓе носат маски од „домашната работилница“, направени од ткаенина или марама. Таквите маски ги блокираат потенцијалните капки што го пренесуваат вирусот, а кои се испуштаат во воздухот кога некој кашла, кива, разговара или дише.

Додавањето посебни филтери на вашата домашна маска може да ја направи уште поефикасна. Овие филтери се особено важни ако сте ја направиле маската од еден слој ткаенина или од марама.

1. ХЕПА филтери

Според истражувањето на Универзитетот за наука и технологија во Мисури, повеќеслојните ХЕПА филтери најчесто се еднакво ефикасни како и Х95 маските за блокирање аеросол.

2. Хартиени салвети

Иако сами по себе не се доволни како материјал за маска, хартиените салвети се совршени како филтери внатре во маската од ткаенина. Двојниот слој на хартиената салвета може да ги блокира вирусите до 33%, покажуваат истражувањата на компанијата за прочистување воздух Smart Air.

3. Филтери за кафе

Докажано е дека филтерите за кафе го намалуваат бројот на честички кога ќе се стават во маските за заштита на лицето. Меѓутоа, мора да бидете внимателни, бидејќи овие филтери се многу густи, па тешко е да се дише преку нив. Но ако одберете поретки филтери за кафе, тоа ќе биде совршена заштита заедно со вашата домашна маска од платно.

4. Женски најлонки

Освен поставувањето филтер внатре во маската, друга опција е да додадете слој на филтрација на врвот од маска. Неодамнешните истражувања на еден универзитет докажале дека додавањето најлонки на надворешниот дел од маската може да ја направи до 50% поефикасна за блокирање честички што се пренесуваат преку воздух.

Многу е важно домашните филтери за маски да ви овозможат доволен проток на воздух. За да знаете дали ќе можете да дишете преку вашите рачно правени маски, треба да го ставите филтерот директно на уста и да видите дали можете да дишете под него.

Еве како правилно се пере и се суши памучната маска: Само вака ќе ви обезбеди правилна заштита од вируси!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.