„Ми го стави пиштолот на глава и почуствував силна болка“: Раперот Реља откри дека едвај го спасиле докторите! (ФОТО)

Добил куршум во стомак...

Мрачните животни случки се паметат цел живот и за нив ретко се зборува, па така било и во случајот со српскиот музичар Реља Поповиќ и она низ што тој поминал пред 15 години.

Еднаш тој искрено зборувал за ноќта кога бил застрелан.

„Тој 22 мај 2008 година бев во кафуле со другар и две другарки. До нашата маса седеше еден човек кој имаше околу четиересетина години. Беше многу пијан. Цело време дофрлаше на моите другарки, бараше од нив да му играат на маса, на што јас изреагирав“ – рекол Реља.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Relja Popović (@reljarelja)

„Во вербалната расправа во која ги бранев моите другарки, келнерката ни кажа да излеземе од локалот, бидејќи мора да затворат. Тргнавме надвор и човекот во тој момент извади пиштил и ми го стави на глава. Не знам како успеав да му го спуштам оружјето и само се сеќавам на силната болка во пределот на стомакот. Паднав на земја и изгубив  свест. Се разбудив во ургентниот центар“ – раскажал Реља.

Поради тоа музичарот поминал месец дена во болница…

„Десет дена бев во шок-соба со 24 часовен надзор од медицинскиот персонал. Мораше да ме оперираат, бидејќи куршумот ми повредил витални органи. Голема благодарност му должам на професерот Џукиќ, кој ме оперирал и цело време го водел мојот случај. Ниту денеска не знам како би му се оддолжил за се што направи за мене“ – истакнал Реља.

Напаѓачот бил уапсен неколку часа подоцна, а подоцна бил осуден на шест години затвор…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.