Сопственикот на „Рагуза Груп“, Перица Голомеиќ го искачи Мон Блан: Овој успех го посветувам на мојот покоен татко Мирко! (ФОТО)

Браво!

Сопственикот на „Рагуза Груп“, Перица Голомеиќ на својот профил на Фејсбук објави дека успеал да се качи на највисокиот врв на Аплите, Мон Блан (4810м).

Голомеиќ кој е познат како вљубеник во планините, сподели и неколку фотки од неговата авантура, а како што објави во описот, ова искачување тој го посветува на неговиот починат татко Мирко Голомеиќ.

„После успешната аклиматизација во Италија на околу 4000 мнв, утрово во 10:53 мин го искачив највисокиот врв на алпите Мон Блан 4810 мнв. Движевме во многу лоши временски услови со минусни температури и ветер од околу 50км/ч. Голема благодарност до целата екипа на чело со водичот Дејан Доневски и мојот брат на планините Стојаноски Синиша – Даци.  Овој мој прв голем успех во високогорството ќе му го посветам на мојот покоен татко Мирко Голомеиќ“.

Погледнете ги фотките кои Голомеиќ ги објави на социјалните мрежи:

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе