Метју Меконахи жртва на злоставување: „Во младоста двапати бев присилен на сексуален однос“ (ФОТО)

Актерот прозобре за траумите...

Холивудскиот актер Метју Меконахи (52) откил детали од своето минато и рекол дека бил сексуално уценуван.

Во интервју за подкастот на Аманда де Каденет, „The Conversation: About the Men“, еден од најпопуларните актери открил нешто што ги изненадило неговите фанови.

Метју раскажал како неговите родители го научиле во одредени ситуации да биде полн со почитување, а тоа значи и прифаќање.

„Татко ми еднаш ми кажа: „ако некогаш почуствуваш дека девојката се двоуми, престани“ – рекол актерот и додал дека татко му рекол дека можеби и сам ќе почуствува дека девојката се двоуми и дека тогаш треба да престане, дури и ако партнерката му вели да продожи, дека е подобро да престане и да чека следен пат“.

„Беше во право, се доведов до одредени ситуации и знаев кога треба да застанам“ – рекол тој.

Метју признал дека на 15 години бил „уценет на секс и дека благодарение на разговорот со татко си, му било јасно што е здрав сексуален однос, а што не е, па одма бил свесен дека тоа што му се случува не е во ред“. Додал дека и покрај тоа, никогаш не се чуствувал како жртва.

Актерот рекол дека после тоа сакал да биде во здрави врски и да биде со девојки кои му се допаѓале.


„Но, полека учев како да бидам интимен и беше убаво, но и неискусно. Подоцна не беше лошо како на почетокот“ – раскажал Метју.

Открил дека на 18 години доживеал злоставување. Бил онесвестен на задното седиште од автомобилот, а што точно се случило не сакал да каже.

И покрај траумите, актерот никогаш не одел на терапии, туку рекол дека блиските му помогнале да продолжи после тие неубави случувања.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.